Стари индијански мудрости: Сите работи се случуваат со некаква цел

Сите работи на светот имаат своја цел, секоја болест и билка која ја лечи и секој човек има своја цел на светот. Ова е индијанската теорија на постоењето.

Што е животот? Тоа е треперење на лисјата. Тоа е мала сенка која трча низ тревата и ја снемува со заоѓањето на сонцето.

Во нашите мисли, ние сме добри или зли. Но, вистински се гледаме во тоа што го правиме кон другите луѓе. Имаме раце кои можат да чинат добро, да им помогнат на другите луѓе.

Ако разговараме со животните и тие ќе разговараат со нас. Ќе се познаваме едни со други. Ако не разговараме со нив, нема да се познаваме ни себеси. Тоа што не го познаваме, тоа нè плаши. Кога некој се плаши, тој е спремен да уништува.

Во нашите срца постои скриен пат по кој ретко патуваме, а кој води до непознато тајно место.

Во секој од нас се води битка, како меѓу 2 волци. Едниот волк го претставува злото, бесот, зависта, љубомората, ароганцијата, вината, гревот. Другиот го претставува доброто, мирот, љубовта, надежта, верата.

Победува секогаш оној волк кој го храниме во себе.