
84-годишник од Врапчиште ќе одговара кривично поради изнуда на пари од негова роднина.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице-негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.