Старец од Дојран пронашол граната од Првата светска војна во својата нива

78-годишник од Дојран пронашол граната од Првата светска војна во својата нива.

Како што се наведува во полицискот билтен, вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната.

Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што било утврдено дека се работи за  неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.