Старец нападнат со стаклен предмет од жена во Центар

Вчера се случил инцидент на подрачје на Центар во кој бил нападнат 73-годишник.

- На 23.01.2023 во 08.10 часот во Полициската станица Центар,Т.С.(73) од Скопје пријавил дека во неговиот дом на подрачјето на Центар бил нападнат со стаклен предмет од едно женско лице, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.