Старата железничка ќе прерасне во деловно-резиденцијален комплекс

Секој град има свои обележја по кои е препознатлив во светот. Тоа се најчесто маркантни архитектонски изданија кои се градени со години, и кои се дел од историјата на една земја. Париз е познат по Aјфеловата кула, Барселона по Гаудиевата Катедрала, Истамбул по Капали чаршијата, речиси секој поголем град има свој карактеристичен белег. Скопје било препознатливо по Старата железничка станица, по  Калето, Камениот мост.

Она што е карактеристично за исклучителните архитектонски зданија е што секогаш во нивната реализација е вклучен голем, финансиски стабилен инвеститор, кој има искуство и капацитет да изгради нешто значајно.

Токму поради овој факт, добрите познавачи на градежните состојби во регионот, изразуваат задоволство што токму реномираната и светски позната градежна компанија Лимак ќе гради на просторот околу Старата железничка станица во Скопје, а постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.

Се планира современ, атрактивен, мултифункционален деловно резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот-Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.