Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар на првиот ден од идната недела, поточно на 13. јануари вечерта, ќе ја пречекаат Православната Нова година, а на 14. јануари, се чествува споменот на Свети Василиј Велики.
Традиционално, прослави низ кафулињата, рестораните и кафеаните ќе има за дочекот на Старата Нова година, а во региони од земјавата ќе се крши и погача со паричка за Василица.
Локалите веќе ги објавија понудите за организираниот дочек кои вклучуваат богато мени, жива музика, а некаде и лепчиња со паричка на секоја маса. Резервациите се во тек, а цените се движат над 1.500 денари по лице.
Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден.
Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили кои се јавуваат до 19. јануари, големиот празник Водокрст, кога се верува дека меѓу луѓето шетаат нечисти духови.