Стара фотографија од култната бавча „Кермес“ - место на старите скопски боеми

Кога ќе се спомене кафеаната Кермес која во минатото била лоцирана кај денешниот градски парк старите скопјани ги евоцираат спомените за едни убави безгрижни времиња и едно место кое е спомен за убави дружби, љубовни приказни и прослави од секаков тип. 

Кафеаната која всушност била летна бавча била изградена во 70-тите години од 19 век, кога скопската општина и скопскиот валија формирале парк „Ислахане“ (денешниот Градски парк).  Посебен изглед на амбиентот му давале засадените багреми, црни борови, липи во тој дел од Старо Скопје. 

Место во кое се уживало на ладовина, со добра музика, ароматична скара, вкусна лимонада за децата...Многумина се сеќаваат на своите или свадбите на своите блиски токму во овој локал. Тука се собирале вистинските боеми, велат стари скопјани. 

-Место каде се одеше на музика и добри кебапчиња додека фудбалскиот клуб  Вардар играше утакмица жените не чекаа во Кермес бавча. Ако Вардар победеше беше големо задоволство и удри на пивце со кебапчиња семејно уживање, се сеќава со носталгија на ова култно место еден стар скопјанец. 

Еве како изгледала кафеаната некогаш: 

Како и многу други објекти, подоцна и тој бил урнат, но убавите спомени остануваат.