Стар индијански кодекс: Негативните мисли предизвикуваат болест на телото и духот

Луѓе сме, не е лесно да се живее, доаѓаат секакви моменти и ситуации секој ден. Но, најважно е да се биде добар кон себе и кон другите. Да се биде толерантен кон оние кои се изгубиле на патот.

Овие паметни зборови се дел од стариот индијански кодекс:

Стани со сонцето. Посакај си добро утро и со позитивен став тргни кон денот. Ќе бидеш слушнат само ако зборуваш.

Биди толерантен кон оние кои се изгубиле на патот. Незнаење, лутина, љубомора се дел од изгубените души. Помогни им да го најдат патот.

Барај се себеси, низ себеси. Не дозволувај им на другите да управуваат со твојот пат. Тоа е само твој пат. Другите можат да одат со тебе, но никој не може да го изоди твојот пат наместо тебе.

Не земај нешто што не е твое, од никого. Не е заслужено и не ти е дадено. 

Почитувај сè што постои на земјата, без оглед на тоа дали е билка или човек.

Почитувај ги туѓите мислења, желби и зборови. Никогаш не ги прекинувај другите, не зборувај позади грб. Дозволи и на секоја личност да биде своја.

Сите луѓе прават грешки. И ти самиот и тие. Сите грешки можат да бидат простени.

Негативните мисли предизвикуваат болест на умот, духот и телото. Вежбај позитивно размислување.