Стапуваат на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот

По завршувањето на собраниската и владината процедура од денес официјално стапуваат на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот. Измените предвидуваат усогласување со европската пракса во насока на регулирање на работата на автошколите и  зголемување на границата за стекнување возачка дозвола и управување со моторно возило.

Со измените на законот се предвидува дете да може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија, доколку наполнило 17 години, наместо досегашните 16 години. Истовремено измените предвидуваат на лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 55 години возраст, возачка дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст, наместо досегашните 65 години. Во таа насока на лицата до 70 години им се издава возачка со важност од 3 години.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е релативно нов закон, од 2015 година и беше усвоен со европски предзнак, што укажува дека во најголем дел е усогласен со регулативите на Европската унија.

Целта на Предлог на законот е регулирање и унапредување на состојбите во однос на поголема безбедност на сообраќајот на патиштата. Како и воспоставување на соодветни и фер критериуми за оставарувања на правата на возачачите на сите возрасти и од сите категории, вели предлагачот на Законот.