Стапката на невработеност падна на 21,9 проценти

Стапката на невработеност падна на 21,9 проценти, објави статистика. Според податоците  од последнио квартал лани, од  вкупно 950 илјади лица активно население, вработени се  740 . 000, а невработени повторно се  200.000.

Токму  бројката  на лицата кои се  без работа за експертите е спорна.  Сметат дека  е пониска. Има многу кои работат  непријавени никаде не фигурираат, а земаат одредени приходи. Велат сивата економија  е проблем за да ја видиме реалната слика со невработените.

Споредено со претходниот квартал во земјава до работно место дошле  плус 1.700 лица.  Според Ненадиќ не можеме да зборуваме за поголама вработеност се додека домашната  економијата генерира стапки на раст од 0 проценти. Потребно е тие да се движат од 4,5 до 5 отсто. Не очекува ниту државните мерки да отворат нови работни места.

Според статистиката најмногу од вработените се во преработувачката индустрија  близу 150 000, земјоделието, 120 000,  а најмалку во секторот снабдување со енергија гас пареа и  климатизација.