Станица за компримирање на природен гас ќе се гради покрај скопската обиколница

На скопската обиколница, на потегот помеѓу клучките „Хиподром“ и „Сингелиќ“, ќе се гради нова станица за компримирање на природен гас. 

Општина Гази Баба го објави огласот за продажба на градежната парцела со површина од 7.504 метри квадратни, на која би се градел овој објект. Почетната цена за продажба на ова земјиште изнесува 2.000 денари за метар квадратен, пренесува build.mk.

Заинтересираните инвеститори имаат рок до 21 февруари за да ги достават пријавите за учество на електронското јавно наддавање, кое е предвидено да се одржи на 23 февруари.

Објектот ќе има максимална бруто – површина од 9.020 метри квадратни, приземје и два ката и максимална висина од 13 метри.