Станете најдобар готвач со помош на 8 трикови

Постојат многу техники и „тајни“ кои можете да ги искористите по дома и да го подобрите вашето готвење, а овие 8 едноставни трикови се најважните работи кои професионалните кувари ги прават за нивната храна да има добар вкус.

Готвење на силен оган

Повеќето луѓе се плашат од силен оган од страв да не го препечат јадењето, но ако сакате совршена текстура, морате да го зголемите огнот. Кога готвите зеленчук, ако долго го готвите на слаб оган, тогаш ќе стане кашеста смеса. Ако го ставите во вода и кратко го варите на силен оган, ќе биде совршено.

Како ќе знаете кога треба да готвите на ниска, средна или висока температура?

Размислете на текстурата на храната која сакате да ја постигнете. Кај готвењето на висока температура, храната побрзо се готви однадвор отколку одвнатре. Ако печете храна што сакате да биде мека  и сочна, подолго време печете ја на послаба температура . Ако печете месо што сакате внатре да биде сочно и розевкасто, печете го пократко време на посилна температура.

Лук, уште лук и уште лук

Лукот е еден од најмалку ценетите намирници надвор од професионалните кујни. Ентони Бордејн, еден од најпознатите телевизиски готвачи, во својата книга „Досие Кујна“ напишал дека во неговиот ресторан дневно се троши околу 9 килограми лук и дека сите го користат за да го подобрат вкусот на кое било јадење.

Сами правете ги своите залихи

Многу рецепти се прават со говедско, пилешк, сос од домат и зеленчук, а многу по дома користат конзервирана или смрзната верзија од таа храна. Многу професионални готвачи самите ги подготвуваат своите залихи кои потоа можат да ги користат во разни јадења.

По печењето, оставете го месото малку да постои

Причината е едноставна. За време на припремите целата вода се собира во средината на месото и потребно е некое време за месото да се опушти и сите мириси и вкусови да се распределат. Не треба долго да чекате, само неколку минути и веќе сите сокови ќе се распределат.

Сите состојки подгответе ги однапред

Големите готвачи се грижат се да биде подготвено уште пред да почнат со готвење. Лукот исечен, зачините чекаат на ред, месото подготвено, итн. На овој начин готвењето ќе тече брзо и без проблеми, а со тоа и го намалувате ризикот од незгоди.

Свежите зачини се најдобри

Знаете дека постои огромна разлика помеѓу свежи и сушени билки. Но, и кај зачините постои голема разлика  во вкусот. На пример, црвената пиперка која една година седела во вашата кујна нема да има ист вкус како онаа кој е неодамна исушена. Сите готвачи препорачуваат одвреме-навреме да ги проверувате вашите зачини и да ги фрлате оние на кои им прошол рокот на траење.

Презентацијата е важна

Професионалните готвачи се свесни дека изгледот и презентацијата на храната е многу важна. Постои многу мали и едноставни начини како да го разубавите изгледот на храната. Обидете се да користете состојки со бои, како на пример морков и сос со јака боја. И внимавајте на тоа боите да бидат комплементарни. И подготвените храни послужете ги во убави чинии.

Се треба да сечете на еднакви делови

Сечењето на сите состојки на еднакви делови не е важно поради убавиот изглед, туку затоа што така  сите состојки истовремено ќе бидат готови. Треба време за да се извежба техниката на сецкање, но еднаш кога ќе ја совладате, ќе го преполовите времето за подготовка на состојките.