„Стандард и Пурс“: Намален кредитен рејтинг на Град Скопје, не може да се платат сите долгови, не може градот да се задолжува

Крединиот рејтинг на Град Скопје од страна на Глобалната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (S&P Global Ratings) е намален по втор пат во период од една година. Агенцијата го намали од „ББ-“ на „Б+“ со стабилен изглед пишува Блумберг Адриа.

Во објаснувањето на агенцијата се вели дека Град Скопје продолжува да акумулира долгови кон добавувачите во текот на 2024 година, при што вкупниот долг пораснал од 450 милиони денари (7,3 милиони евра) на крајот на 2023 година на речиси 700 милиони денари (11,3 милиони евра) заклучно со јуни годинава.

Во извештајот се додава дека Град Скопје располага со ликвидни средства со кои може да покрие околу половина од акумулираните обврски и отплатите на главнината на долгот во следните 12 месеци, додека не е во можност да се задолжува, со оглед на конфронтацијата меѓу градоначалникот и градскиот совет.