
Македонската јавност во шок по најновиот фемицид кој се случи во Штип. Повторно жена е убиена од маж, кој ѝ бил партнер.
Адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска која е позната по своите залагања за заштита на жените жртви на семејно насилство алармира:
- Уште еден фемицид ! Уште една жртва на семејно насилство по Росица од Велес која беше убиена пред 2 месеци! Дали сте свесни дека на секои 2 месеци почна да има убиена жртва на семејно насилство?! Дали сте свесни дека стана страшно за живеење ако си жена?! - праша таа.
Во продолжение таа пишува:
- Дали сте свесни дека насилниците се окуражија да бодат жени со нож во сред пладне како Росица што беше избодена во сред бел ден на сред улица и да парчосуваат жени со секира и да ги закопуваат во сопствениот двор?
Свесни ли сте дека тоа е поради неправилно постапување на институциите и благите казни со кои се соочуваат, а најважно бидејќи на семејното насилство не му се приоѓа во внимание и никој не се занимава во него. На 25.11 е Светскиот ден на борбата против семејното насилство и 16 дена активизам. Каков активизам оваа година подготвивте?
Ќе ги броиме и закопуваме убиените жртви или ќе направите како лани трибина со 20 жени собрани случајно?!
Срамота и греота за жртвите кои ги дадоа животите бидејќи сосема погрешно и погрешни се зафатиле да се занимаваат со оваа девијантна појава во општеството која сите нас не засега.
Нека почиваат во мир.
Господ нека им даде светлина.
Не не заслужија како општество да ги заштитиме.