Стан во Грција покрај море поевтин од Скопје, грчките недвижнини станаа интересни и за македонските граѓани

Грција е една од поинтересните дестинации за купување имот, без разлика дали луѓето бараат можности за инвестирање, одмор или дури и постојан дом на сонце. А граѓаните на Македонија тоа го препознаа и купуваат многу станови во таа земја.

Според податоците, цената на метар квадратен на некои места е двојно зголемена во однос од пред пет години. Основниот совет на грчките адвокати е да пронајдете добра агенција за да не ве наведуваат на „заштеда“ која подоцна правно може да ве чини многу повеќе.

Инвестициите на странските купувачи се зголемија во последниве години, дозволувајќи им на многумина да го остварат својот сон да поседуваат куќа за летен одмор во Грција. Нашите граѓани, особено поради скокот на цените кај нас, се повеќе гледаат на можностите таму.

На пример, стан од 50 квадрати во популарното летувалиште Неос Мармарас, на 300 метри од плажа, чини 38.000 евра. За стан од 45 квадрати во Паралија, на 500 метри од плажа, треба да платите 45.000 евра, додека за споредба, недвижнина од таа квадратура по просечна цена во Скопје би чинел повеќе од 60.000 евра.

При купување на недвижен имот во Грција, струјата и водата треба да се префрлат на сопственикот. Тоа чини од 70 до 100 евра. Во оваа земја струјата обично се плаќа на секои два месеци. За стан од 85 квадрати треба да плаќате нешто повеќе од 100 евра месечно за струја. Водата се плаќа два пати или еднаш годишно. Тој трошок е околу 35 евра. За интернет треба да одвоите од 10 до 16 евра во зависност од пакетот што го земате.

Вкупни трошоци за купување стан:

• Цена на недвижнина: 85.000 евра (75 м2 + двор 40 м2 + паркинг место)
• Проценета вредност на недвижен имот за плаќање данок: 46.259 евра
• Данок на промет 3%: 1.387 евра + 3% данок = 1.429 евра
• Нотар: 1.100 евра (договорот има 28 страници)
• Упис во катастар: 400 евра
• Адвокат: 850 евра
• Трансфер за приклучоци за струја и вода 70-100 евра

Денар.мк