Стаменов: Народ се лаже со градење автопати со 300 анекси и суми со кои може да се изгради интергалактички автопат со 10 ленти до Плутон

Борче Стаменов со „понеделнички“ освестувачки статус! Еве како ги гледа тој на актуелните општествено-политички околности: 

-Народ кој и после 31 година "држава" уште се лажe со асфалтирање улици, правење чешми на сретсело, атмосферска канализација, поставуање канти за отпад, измислени пруги до Бугарија, клинички центри кои се планираат 10 години, градење автопати со 300 анекси и суми со кои може да се изгради интергалактички автопат со 10 ленти до Плутон, заслужува се што му се случува и треба вечно да живее во сиромаштија и потчинетост, напиша Стаменов познат по својата хуманост преку иницијативата „Донирај компјутер“.