Стаменкоска Трајкоска: Одбележуваме „Розев Октомври“ – месецот посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка

Со звуците на нашите Фриди кај Школка во Градскиот Парк, заедно го одбележуваме „Розев Октомври“ – месецот посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка, сподели пратеничката и кандидатка за градоначалник на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

„Октомври е месец кога глобално се зборува за превенцијата, навремената дијагноза и третманот на оваа болест. Овој настан е потсетник дека навремената реакција може да спаси животи. Како општество, имаме одговорност да зборуваме отворено, да информираме и да дадеме поддршка – особено на жените кои се соочуваат со оваа болест, но и на нивните семејства“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Таа ги покани сите граѓани да им се придружат, да носат розово како симбол на поддршка и заедно да испратат силна порака – дека никој не е сам во оваа борба.