Стационарот во Вардариште ќе стане попријатно место за престој на кучињата

Од Град Скопје информираат дека стационарот за кучиња конечно ќе се реконструира и модернизира со цел подобри услови за живот на кучињата кои ќе бидат згрижени тука.

- После демонтажата, објектот ќе биде комплетно реконструиран, со нов покрив, подлога и боксови за кучињата според најсовремени стандарди за благосостојба на бездомните животни - информираат од градот.