ССМ: Се бориме договорите на определено време да бидат до 1 година

Од Сојузот на синдикати на Македонија истакнаа дека доколку работникот има склучено Договор за вработување на неопределено време, во никој случај не треба да прифаќа да склучува Анекс кон истиот со кој од неопредлено време, работниот однос ќе го трансформира на определено време.

-Доколку работодавачот Ви врши притисок или присила да порпишете Анекс или Спогодба кои ќе значат трансформација на работниот однос од неопределено на определено или пак прекин на Договорот на неопредлено време, веднаш поднесете пријава - апелираат од ССМ на својата официјална Фејсбук страница.

Тие нудат и опција за преземање на нова мобилна апликација „ССМ - мои работнички права“ и охрабруваат пријавување на прекршување на законот и колективниот договор.

Мобилна апликација: Google play

Мобилна апликација: App store