Срушена дивоградба во Кисела Вода

Продолжува справувањето со урбанистичкиот хаос во општина Кисела Вода. Утрово, беше срушена уште една дивоградба, овој пат на улицата Борис Трајковски.

Непознат сторител, без да поседува одобрение за градба, на оваа локација поставил армирано-бетонскa плоча.

„Денес, стопиравме изградба на уште еден нелегален објект, уште еден обид да се прекршат законот и законските процедури. Како што најавив, нашите жители ќе видат еден нов начин на управување со општината, ќе видат што значи нетолеранција на беззаконието и казна за криминалот. Законот постои за да се почитува и ќе важи еднакво за сите. Никој не е и нема да биде над него“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.