Српските туристи се радуваат на ослободувањето од патарини, Македонците сметаат дека има подобри решенија

Српските медиуми ентузијастично ја пренесуваат веста дека ова лето, српските туристи ќе бидат ослободени од патарина додека транзитираат низ Македонија, патувајќи кон летувалиштата во Грција. 

„Туристите од Србија нема да плаќаат патарина во Северна Македонија“, „Туристите од Србија нема да плаќаат патарина во Северна Македонија од 15 јуни“, „ПОТВРДА НА ГОЛЕМОТО ПРИЈАТЕЛСТВО! Важна вест за српските туристи, наскоро бесплатна патарина во Северна Македонија“„ДОБРА ВЕСТ ЗА НАШИТЕ ТУРИСТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Нема плаќање патарина на Коридор 10 во текот на летната сезона“…се дел од насловите во српските медиуми кои ја пренесоа вчерашната одлука на Владата за ослободување од плаќање патарина во земјава за српските државјани за време на летната сезона.

Во знак на благодарност за вакцините против ковид 19 кои Србија и ги донираше на земјава, Владата одлучи да ги ослободи српските граѓани од плаќање патарина.

Според одлуката на Владата, 172 милиони евра ќе се издвојат за овој проект, односно за наплатни картички. 

Македонците пак, сметаат дека може да се изведе ова ослободување. Според нивните реакции на социјалните мрежи, може едноставно да се контролираат регистарските таблички, да се побара пасош или полиција да ја спроведува контролата пред самите наплатни рампи.