Српските музички ѕвезди и летово главни во земјава

Голем број музички ѕвезди од екс-ју естрадата летово ќе ја забавуваат публиката во земјава.

Иако пандемиските мерки се на сила, организаторите на големо ги најавуваат гостувањата на регионалните ѕвезди и велат дека концерите и настапите ќе бидат согласно препораките на надлежните.

Омилената на многу генерации, музичката дива Лепа Брена, викендов, односно на 1.август, ќе ги забавува битолчани во ноќниот клуб Голд Фелициа, каде вечрва настапува Саша Матиќ.

Во ноќниот клуб Индустрил во Струмица пак за претстојниот период се најавени настапните на Јала Брат и Буба корели, Маја Беровиќ, Ацо Пејовиќ и Милица Тодоровиќ.

Српските претставнички на овогодинешниот Евросонг на 13. август настапуваат на отворено во Аквапаркот во Пробиштип. Организаторите на настапите апелираат сите гости навреме да ги направат своите резервации со цел да се испочитуваат мерките за заштита од ковид со цел, како што велат, безбедна забава за сите гости.