Српски специјалитет: Лесковачка мучкалица

За лесковачката мучкалица велат дека настанала сосема спонтано, бидејќи некој од скараџиите се досетил како да го искористи месото од скара, а притоа да направи вкусно, пикантно јадење.

СОСТОЈКИ:

1 кг свинско месо од врат

200 гр месната свежа сланина

4-5 главици кромид

10 печени, излупени и исечкани пиперки

500 гр исчистени домати

2 главици лук

2-3 суви пиперки

сол

1,5 дл масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото извалкајте го во зачин, исечете го на дебели шницли, па потоа на средно крупни коцки. Испечете го на скара (може и на тава), најдобро е да направите ражничи, а после печењето месото да го извадите од стапчињата. Парчињата месо можете да ги обмотате во сланина или сланината посебно да ја испечете. 

Во меѓувреме исечкајте кромид и измшајте го со 2 лажици сол за лутината да исчезне. Динстајте на масло додека сосема не се растопи, непрекинато мешајќи, со додавање топла вода. Кога кромидот ќе се испржи, додајте сечкани пиперки и домати и сечкан кромид. Динстајте додека течноста не испари. 

Додајте месо, налијте го со малку вода и крчкајте додека зеленчукот не се претвори во компактна маса. Зачинете и добро намастете по вкус.