Според српскиот портал „Webtribune“, кои се повикуваат на предвидувањата на најпознатиот француски пророк Нострадамус, постои можност папата Франциск за време на посетата во Скопје да биде убиен.
„Откриено е застрашувачко предвидување на Нострадамус: Папата ќе биде убиен за неколку дена во Душановиот царски град, тогаш ќе започне светска војна.
Поглаварот на Римокатоличката црква на 7 мај доаѓа на официјална посета во Скопје каде е крунисан цар Душан, најпознатиот пророк на сите времиња Нострадамус предвидел дека ќе има обид да биде убиен.
Ако му верувате на Нострадамус, предвидува дека на 7 мај некој ќе се обиде да го убие папата Франциск, а францускиот пророк кој живееше во 16 век ги напишал следните стихови:
-Римски правосвештенику, пази се да не се приближиш во град каде го заплискуваат две реки, бидејќи тука ќе проплукаш крв, во месецот кога цветаат рози.
Иако многумина верувале дека Нострадамус предвидел дека овој трагичен настан ќе се случи во Белград, францускиот пророк всушност мислел на град Скопје, бидејќи тука течат две реки Вардар и Треска каде во 1346 година, бил крунисан српскиот цар Душан, пишува на страната на порталот „Webtribune“.
Освен стиховите кои се однесуваат на поглаварот на Римокатоличката црква, Нострадамус предвидел и почеток на Третата Светска војна која би започнала 2019 до 2049.
ИСИС од пред една недела предупредува дека планираат нови напади во Европа, а многу страчни лица се загрижени за безбедноста на папата.“, пишува на страната на порталот „Webtribune“.
Целиот текст можете да го прочитате на нивната страна.