Српски доктор: Глупава и опасна е идејата намерно да се заразуваме со омикрон

Докторот Радмило Јанковиќ, заменик-директор на нишкиот клинички центар, проценува дека е многу глупава идејата луѓето да се заразуваат со омикрон намерно. 

Тој смета дека оние кои се заразиле мислат дека се работи за обична настинка, па ниту се тестираат официјално, ниту бараат лекарска помош. 

Според него, иако омикрон предизвикува полесна клиничка слика споредено со другите мутации од претходните бранови, тој може да го заслабне организмот и доколку лицето дојде во контакт со друга мутација, последиците да бидат фатални. 

„На некого короната ќе му предизвика кивање, но на неговиот татко, баба или дедо, сериозно заболување. Затоа стратегијата за намерно заразување е многу опасна. Омикрон се шири како гас и тешко ќе може да се контролира голем обем на заразени“, предупредува докторот.