Сродната душа пристигнува само кога сме подготвени, ни момент порано

Сродна душа: Некој е во хармонија со вашата душа и која е пратен за вашата свест да ја подигне на повисоко ниво. Кога ќе се научи лекцијата, обично следува физичко раздвојување.

Животен партнер: Сопатник, пријател, стабилна личност на која можете да се потпрете, некој кому му верувате и кој ви помага низ животот. Заемно се почитувате и сакате и вашите желби и потреби се во хармонија. 

Сродна душа

„Кога ќе ја запознаам мојата сродна душа?“ – ова е прашање кое често се поставува. Сите имаме многу сродни души во текот на животот и улогата на сите е иста. Нивната намера е да ја разбудат и протресат нашата душа. Сродната душа секогаш пристигнува кога сме подготвени и ниту еден момент порано од тоа! Сродната душа доаѓа во време кога треба да научиме некаква лекција. Односите на сродните души често не се долготрајни. До разделувањето доаѓа затоа што врската била интензивна и се исполнила нејзината улога и потребните лекции биле научени. Сродните души можат да бидат и нашите пријатели. 

Сродните души не се секогаш љубовни или романтични партнери. Без оглед на природата на односот, секогаш ќе чувствувате силна и енергетска поврзаност. Многумина поминуваат години барајќи ја сродната душа и не го забележуваат она што навистина им треба. Кога бараме сродна душа, ние трагаме по развој на душата, а постојаната сосредоточеност на потрагата може да ја блокира енергијата. Ако навистина сакате да се поврзете со сродната душа, прво треба да се хармонизирате со сопствената душа. Потребно е да откриете кои сте и што сте, да се почитувате себеси и да го следите своето срце. Кога тоа ќе го исполните, ќе го добиете она по кое трагате.

Животен партнер

Животниот партнер е сопатник и пријател со кого имате силна поврзаност. Тоа не може да биде длабока врска како со сродната душа, но постои обострано чувство на доверба, разбирање и почитување. Животниот партнер е некој на кого можете да се потпрете и ги разбира вашите потреби и желби, но секако ова е и личност која ве привлекува, која ја сакате и за која се грижите. Можно е животниот партнер да е вашата сродна душа. Партнерскиот однос може да се надогради и унапреди и зависи од правецот во кој сте се одлучиле да одите. 

Разлики помеѓу партнерски односи и поврзаноста на сродните души

Сродна душа

  • Чувствувате длабока, духовна поврзаност со таа личност, како 100 години да се познавате.

  • Имате дежа ву моменти, кога имате чувство дека некогаш порано сте биле заедно.

  • Се разбирате едни со други и имате сличен начин на размислување.

  • Можете да имате слични недостатоци или навики и сте имале слични животни предизвици.

  • Вашата врска е интензивна. Често може да се движите од екстремни висини до вртоглави падови.

  • Се чувствувате синхронизирано, дури и кога не сте физички заедно.

  • Инутитивно знаете што чувствува или мисли другиот. 

  • Вашата врска е емоционална, предизвикувачка и може да разбуди нешто во вас, нешто што не сте биле свесни дека постои во вас.

  • Може да дојде до огромни промени во вас и во вашиот живот по средбата со оваа личност.

  • Вашата врска можеби нема да трае вечно, но љубовта секогаш ќе биде присутна. 

Животен партнер

  • Има меѓусебна привлечност, физичка, но и преку споделување слични вредности. 

  • Уживате да учите едни од други. Никогаш не ви е досадно, секогаш имате теми за разговор и активности за правење.

  • Се сложувате како најдобри пријатели, вашиот однос не е екстремен. 

  • Односот ви се заснова на логички или интелектуални одлуки. 

  • Вашите уверувања, идеи и верувања се во хармонија.

  • Чувствувате емоционална и материјална стабилност кога сте заедно.

  • Чувствувате потреба да се венчате и да создадете семејство.

Како се менувате вие во текот на животот, така се менуваат и вашите потреби и видувања за она што го сакате. Заедно е многу важно секогаш да се слушате себеси и својата душа, само така ќе можете да пронајдете животен партнер или да ја „повикате“ сродната душа.