Среќниот скокач по светиот крст во Бардовци собраните средства ги донираше на малиот Ангел Аврамоски

Среќниот скокач по светиот крст во с.Бардовци,заедно со останатите скокачи оваа годината наградата и паричните средства собрани од жителите на с.Бардовци беа донирани на 13-годишниот Ангел Аврамоски од с.Злокуќани кои доживеа голема несреќа по која помина 2 недели во кома.

Семејството Аврамоски немаат финансиски средства за да продолжат со понатамошно лекување на малиот Ангел затоа се замолуваат сите хумани граѓани кои се во состојба да помогнат.

Благодарност до жителите на с.Бардовци за остварената донација.