Среќни сте ако имате барем еден пријател кој секојдневно ве потсетува колку вредите

Ова е текст за нашите пријатели.

Photo by Becca Tapert on Unsplash

Тоа се нашите луѓе кои го прават овој наш живот, помалку тежок, помалку комплициран и хаотичен. Тие со причина се нашите најдобри пријатели бидејќи секогаш ги кажуваат вистинските работи во вистинско време.

Тие ни носат насмевка на лицето и тогаш кога не ни е до смеење. Тие се тука за нашиот хаос, болка и неволји, но и за нашите победи. Тие се оние кои нè охрабруваат да ги следиме своите соништа, да веруваме во себе, да не забораваме колку можеме. 

Таквите пријатели секогаш веруваат во нас, дури и кога мислиме да се откажеме, нивната поддршка е силата која нè турка напред. Кога мислиме дека сме  на дното и дека не постои надеж за нас, тие ни помагаат да најдеме светлина на крајот на животот и да веруваме во најдобриот исход. Така и успеваме, победуваме, му се радуваме на животот заедно, а кога работите се лоши, разговараме и плачеме заедно. 

Можеби забораваме да им кажеме благодарам за сето она што го прават за нас, но овој текст е токму за тоа. 

За луѓето кои се несебични и ретки на овој свет, а ние имаме среќа да бидат наши пријатели. Оние кои се тука, без оглед на сè.