Среќна годишнина на љубовта која не постои повеќе...

Знам дека не сме заедно, но не можам да седам и да се преправам дека денов не ми значи ништо. Денес е денот на кој ние решивме  да бидеме заедно. Да, сѐ уште е голема работа, затоа што јас и ти бевме голема работа. И сѐ уште сме.

Сѐ уште пред мене го гледам твоето лице и чувствата помеѓу нас. Ги гледам толку кристално јасно. Дури и сега, уште не можам да поверувам колку беа совршени тие денови.

Знам дека повеќе не се будиме заедно. Знам дека повеќе не си викаме „мило“ еден на друг, ниту пак одиме заедно некаде на викенд. Знам дека повеќе ги нема мрзливите викенди кога стуткани седиме во пижами и гледаме серии. Го  знам тоа. Знам дека тоа повеќе го нема.

Знам дека повеќе не ме сакаш како што јас те сакам тебе.

Неверојатно е како работите толку бргу се променија. Неверојатно е тоа како двајца луѓе кои делеа сѐ денес се само странци.

Знам дека ти не го славиш овој ден. Знам дека се обидуваш да го блокираш овој ден во твојот ум, но знам дека јас не можам. И не сакам. Знам дека не сакаш да го чуеш ова, но сепак ќе ти кажам: Среќна годишнина.

Ти беше човекот со кого сакав да ги споделувам сите моменти уште кога си кажавме: „Да“. Ти беше човекот со кого сакав да ја славам секоја заедничка година. Сакав ти да бидеш тој со кого ќе го поминам остатокот од мојот живот, но понекогаш работите се распаѓаат.

Знам дека и двајцата се трудиме да продолжиме, но сакам да знаеш дека некои работи никогаш нема да се променат. Овој датум секогаш ќе биде значаен за мене, дури и ако тебе не ти значи ништо.

Врските секогаш се тешки и навистина ми е жал што нашата не успеа. На крајот на краиштата, навистина посакувам да си ја пронајдеш твојата среќа.

Знам дека не сакаш да мислиш на овој ден, но еден дел од мене се надева дека понекогаш ги разгледуваш старите слики. Дел од мене се надева дека се сеќаваш на убавите спомени.

Дел од мене само сака да го чуе твојот глас, но тоа се случува само на овој ден.

Сакам само да слушнам како ми велиш: „Среќна годишнина. Сѐ уште се сеќавам.“