Среќен роденден, Близнаци: Сè што треба да знаете за родените во овој знак

Луѓето родени во овој знак се забавни личности кои обожаваат да се меѓу другите. Тие го сакаат животот и се исполнети со среќа која ја споделуваат со другите, каде и да се појават.

Со нив управува Меркур, а со тоа тие се карактеризираат со силна индивидуалност и често се гласни личности кои сакаат да бунтуваат. Ја ценат својата лична слобода и се меѓу оние луѓе кои ќе ги отфрлат општествените норми ако сметаат дека тие повеќе им штетат одошто им помагаат.

За разлика од Биковите, Близнаците ги обожаваат промените и ги пречекуваат со отворени раце. Секогаш преферираат возбуда и авантура наместо да седат дома. 

Тие се полни со енергија, која често може да се претвори во нервоза ако не им се исполнети нивните потреби или барања. Близнаците се фокусирани на патувањата, забавата и возбудата, па така тие обожаваат велосипеди, автомобили и мотоцикли, но ја сакаат и природата. 

Во љубовта, тие се шармантни и љубезни а често знаат и да сонуваат. Потребна им е личност која ќе им овозможи да зборуваат и да го споделат тоа што мислат. Тие сакаат слободоумни личности и некој кој ги почитува, па така најдобар знак за нив се Водолиите. Најмалку си одговараат со Биковите, кои тежнеат кон сигурност и стабилност, а тоа делува многу досадно за родените во овој знак. За да ги освоите, треба да ги импресионирате со својата личност. Тие сакаат интересен стил и добар физички изглед. Ако им се допаѓате, лесно ќе биде да го сфатите тоа – никогаш нема да престанат да зборуваат. Ќе поставуваат интересни прашања и ќе се трудат да се тука околу вас.

Во пријателствата тие се лидерот во друштвото кој секогаш има идеи. Можат да едно место да соберат различни луѓе, да ги поврзат и кога Близнаците се околу вас, секогаш се смеете и ви е забавно. Сепак, некогаш делуваат како незаинтересирани пријатели, бидејќи лесно ги откажуваат плановите кои заеднички сте ги направиле,  а и лесно забораваат ветувања. Но, тоа не значи дека не ве ценат, туку дека имаат милион работи на ум.

Кога се лути,  не молчат. Напротив, ќе ви кажат директно што е проблемот, а можеби и ќе врескаат и ќе пцујат. Сепак, често кажуваат работи кои не ги мислат, а ако згрешиле, не им е тешко да се вратат и да се извинат. Сепак, тивки се кога се тажни. Почнуваат да анализираат и бегаат во своите мисли. 

Најдобри се кога се ценети и сакани, и кога е препознаен нивниот напор во друштвото. Тоа е така бидејќи Близнаците се најинспиративните и најзабавните личности кои било кога ќе ги запознаете.