Среќен роденден Аликас

Аликас... каде бајката започнува

Иако сме сеуште во исчекување да започнат свадбените прослави, сакаме со вас да поделиме и една убава вест. Ресторанот Аликас на овој ден, точно пред три години, ги отвори вратите за новите љубовни почетоци.

Од тој ден па до денес се организираа голем број свадби, родендени, мекици, крштевки,семејни прослави, конференции со безброј задоволни гости. Нивното име стана синоним на доверба, пријателство и квалитет. Покрај прославите тука можете да го добиете и најдобриот кетеринг, за кој долго ќе се зборува. Во пресрет на настанатата ситуација на располагање Ви се градините на Аликас на површина од 1000 м2. Тука може да уживате со вашето семејство и пријателите на соодветна дистанца и со беспрекорна услуга. Ве очекуваме на уживање во зеленило, за да избегате од секојдневното сивило.

Сакаме да допреме до јавноста, дека малите бизниси се најзагрозени од оваа ситуција, и при тоа да ги замолиме да ги почитуваат мерките и препораките, за што е можно поскоро да се видиме и да прославуваме заедно.