Среќата во бракот не е нешто што едноставно само случајно се случува

На денот на својата свадба, славниот актер Пол Њумен ѝ напишал писмо на својата вереница Џоан Вудворд, во кое и објаснил како тој го гледа својот иден брак. 

Заедно поминале половина век и нивната врска е една од најубавите љубовни приказни во Холивуд. 

Еве само неколку извадоци од тоа писмо, кои сигурни сме дека ќе ве трогнат и допрат:

„Среќата во брак не е нешто што едноставно само случајно се случува. Добриот брак мора да се создаде.

Никогаш не е доцна да се држиме за раце. Да си кажуваме „Те сакам“ барем еднаш дневно. Да не си легнеме скарани. Ни под ниту едни околности да не се земаме здраво за готово. 

Додворувањето не треба да заврши на медениот месец, треба цел живот да трае. Заедно да чекориме низ животот. Да создадеме круг на љубовта, кој ќе го собере целото семејство.

Да правиме работи еден за друг, не од должност, туку од радост. Промислено да ги изговараме зборовите полни со благодарност и да изразуваме благодарност. 

Неопходно е да развиваме трпение, разбирање и смисла за хумор. Да умееме да простиме и да заборавиме. Не е работата само да се венчаш за вистинската личност, треба и ти да бидеш вистинската личност.“