Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се справиме со нив

Ова се неколку мотивациски мисли за убав ден.

Дајте му го на светот најдоброто што го имате, и најдоброто ќе дојде до вас – Медлин Бриџес

Среќата не е нешто што го оставате за иднината, тоа е нешто што треба да го создавате во сегашноста. – Џим Рон

Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се справиме со нив. – Стив Мараболи

Вистинската тајна на животот е да бидете внесени во тоа што го правите, тука и сега. И, наместо тоа да го нарекуват работа, наречете го забава. – Ален Ватс

Сѐ што треба е да исполниме само три должности -  да работиме напорно, да бидеме чесни и да си помогнеме себеси и на другите. – Рајан Холидеј

Најсреќните луѓе немаат сѐ, туку тие го вадат најдоброто од тоа што го имаат. – Стивен Кијен

Кога се мора, се може. – Кинеска поговорка

Сѐ што сакате е на другата страна на стравот. – Џек Кејнфилд

Бидете благодарни за тоа што имате и ќе имате повеќе. Ако се концентрирате на тоа што го немате, никогаш нема да имате доволно. – Опра Винфри

Тешката љубов го исполнува нашето срце со вистина. – Хејди Прајб

Секогаш ќе бидете во лошо расположение ако постојано размислувате за тоа што го немате и не можете да го направите. – Рајан Пернофски