Среќата ми се обрати и ми кажа...

Среќата ми се обрати и ми кажа:

„Време е.
Време е да си простиш себеси за сѐ она што не стана.
Време е да престанеш да се обвинуваш себеси поради сите оние кои не успеа да ги спасиш, за сите кревки срца кои ти пристапиле во мракот на твојата збунетост.
Време е, дете мое, да прифатиш дека не мораш да бидеш она што си бил пред една година и дека не мораш да ги сакаш истите работи.
Над сѐ – време е да веруваш дека си достоен за мене, затоа што јас веќе со години те чекам.“