Среќа – најубавиот збор, најпосакуваната состојба, најнедостижното чувство!

Зошто ни е толку тешко да се чувствуваме среќно?  

Ова се неколку работи кои можат да ни помогнат да сфатиме дека не сме толку несреќни колку што сакаме да мислиме.

Очекувањата се корен на секој проблем

Убаво е да размислуваме позитивно, убаво е да се надеваме на најдоброто, но треба да сфатиме дека како човечки суштества низ животот треба да се соочиме и со успеси и со неуспеси. Не можеме да очекуваме дека сите работи во нашиот живот ќе одат подмачкано и дека секогаш ќе имаме што и да посакаме. 

Можеби имаме партнер кој не се однесува онака како што посакуваме ние. Можеби очекуваме да сме во брак до 30-тата година од нашиот живот, а можеби сакаме нашите пријатели да се однесуваат поинаку. Но, секој од нас живее на сопствен начин и тоа што некогаш луѓето не се однесуваат онака како што сакаме, не значи дека не сме сакани. 

Дозволете си да сте свои

Една од најубавите работи во животот е да бидете свои. Многу луѓе подоцна во животот се каат што живееле живот според туѓи очекувања или пак на начин на кој сакале да импресионираат некого. 

Си велиме “ќе бидам среќен кога ќе ослабам, ќе бидам посреќен со нов автомобил, ќе биде подобро со новата работа”, но ако така гледаме на работите никогаш нема да бидеме среќни. 

Убаво е да имаме цели, убаво е да веруваме. Но, да не дозволуваме да се изгубиме себеси низ животот. Да си дозволиме да растеме, да се смееме и плачеме, да бидеме личноста која сакаме да бидеме. Ние и никој друг.

Отрфлувањето не значи дека не сте добри

Ако ви се допаѓа личност која не ги возвраќа истите симпатии кон вас или пак ако одите на интервју на работа кое ќе помине лошо, тоа не значи дека вие сте лоша личност или дека не можете подобро. Едноставно, не си одговараме со сите луѓе и работи во нашиот живот и тоа е во ред. Замислете што би било и кога би си одговарале со сите или кога сите би ја нашле љубовта на својот живот на 20 години.

Дозволете си да чувствувате

Не ги фрлајте лошите чувства зад себе и не ги потиснувајте, мислејќи дека така е најдобро да се живее животот. Некои работи навистина доаѓаат како големи лекции во животот, помагајќи ни да се соочиме на подобар начин со некои од најголемите работи во нашиот живот, но не смееме да си дозволиме да не чувствуваме.

Постои болка во малите лоши нешта, но постои и голема магија во големите убави нешта. Не ги потиснувајте.