„Средства со вода, партал правосмукалки, хаос по соби...на сред работа си заминавме“ - чистачка на „Х“ сподели искуство од охридски хотел

На социјалната мрежа „Х“, „твитерџика“ сподели искуство од условите за работа во еден охридски хотел.

Твитерџиката раскажа декасе занимава со чистење на станови и куќи и дека некој ја препорачал.

„Ме викнаа таму и ај си реков ќе им дадам шанса ама многууу лошо искуство и никогаш повеќе не би се нафатила“, пишува таа.

Во оригиналната твит-објава таа вели дека била повикана да работи, нашла уште две жени и отишле, при што затекнале „распад систем“.

„Ме повикаа да работам во хотел во Охрид, најдов уште две жени и отидовме, а таму распад систем. Средства со вода, партал правосмукалки, хаос по соби и после ние криви. На сред работа си заминавме. После ќе се чудиме зошто Охрид губи туристи. У Ж А С!“, гласи твитот на „Психо Бубз“.

Во дел од другите објави, напиша дека хаусмајсторот место да работи, тој шетал по собите и се однесувал како директор, за кои рече дека барал маани„ за да ние испаднеме неспособни во туѓ хаос“.

Исто така, во една од објавите рече дека нема да го именува хотелот.