Средовечен маж пронајден починат во центарот на Скопје

 Среде ноќ маж од Скопје пронајден починат во центарот на Скопје. 

- На 04.11.2025 во 02:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје пронајден е починат Љ.И.(48) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, известија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.