Средношколки се степале во Тетово

Вчера во Тетово се степале две средношколки, а МВР ги соопшти деталите.

- Вчера (14 март), во 22 часот, М. М. (57) од тетовско Чифлик, во СВР Тетово пријавил дека околу 18.45 часот на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово неговата малолетна ќерка физички била нападната од друга малолетничка, ученичка во тетовско средно училиште“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.