Средношколците сакаат да дишат чист воздух - утре ќе одржат мирни протестни собири пред нивните училишта

Скопските средношколци утре од 12 до 14 часот ќе одржат мирни протестни собири пред нивните училишта.

– Ние средношколците од секогаш сме давале поттик за решенија на проблеми со кои се соочуваат сите. Така и овој пат ние ќе испратиме ГЛАСЕН апел до надлежните, но и засегнатите за зголемување на свеста! – напишаа на фејсбук од Средношколски глас.

Тие им се приклучуваат на О2 иницијативата кои бараат надлежните во државава да направат се што е потребно за подобрување на амбиенталниот воздух.

– Во време на акутно хронична огромна загаденост на воздухот што не носи на врвот во Европа, а многу пати и во светот, протестите се нужни и начин на кој граѓанинот кажува доста е. Спорите и дисорганизирани чекори, мора да станат брзи и крупни, зошто ни простор ни време нема за чекање. Дошаја нож до коску – велат од О2..

Тие ги поддржуваат сите протести за почист воздух.

– Се надеваме дека ќе ги има се повеќе, насекаде низ земјава, за да разберат тие кои ги носат одлуките во оваа држава, дека простор за одлагање на проблемов нема – нагласуваат од О2.