Средношколците од „Никола Карев“ за пример: Го дотераа дедо Исмаил кој со децении е бездомник

Дедо Исмаил е 38 години бездомник. Одамна го гледаме на ќошот на Гимназијата „Никола Карев“, седнат, полуслеп, истоштен...во придружба на кучето, па и тоа бездомник...

Одвреме, навреме децата му оставаат сендвич, кој го дели рамно на пола. Пола за него, пола за другарчето.

Вчера, учениците од Карев разговараа со него за животот, за здравјето, за потребите...

Скромен, вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко Каревци го однесоа до првата берберница, каде љубезниот персонал го дотера.

Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни! - сподели професорка од ова скопско средно училиште.