Средно Водно , Скопското Кале и улицата „Максим Горки“ дел од зоната А0

Средно Водно , Скопското Кале (Музеј на современа уметност) и улицата „Максим Горки“ стануваат дел од зоната А0.

Цената за еден час паркинг на оваа зона ќе изнесува 100 денари по час, а секој нареден час по 50 денaри.

-Откако се воведе забраната на Водно, немам отидено. Имам две маили дечиња, иако автобусот е бесплатен не можам да одам со количка во која го носам помалото синче, а паркингот е прескап за нашиов стандард, ми преостанува Градски парк како опција за прошетка, вели една скопјанка.

Досега ЈП „Градски паркинг“ немаше А0 зона, а во А зоните беше дозволено паркирање од најмногу два часа.

-Јас возам велосипед искрено ми пречеа автомобилите кои поминуваа, а и која каде место по патот ќе си најдеше си се паркираше, сега е помирно и за викендите доаѓаат луѓе кои навистина сакаат да спортуваат, вели еден скопјанец.

Наскоро и на улицата „Максим Горки“ паркирањето да се наплаќа по 100 денари за првиот час, а секој нареден 50 денари.

На оваа улица во строгиот центар на градот, функционира зонско паркирање на „Градски паркинг“. Таа е една од локациите, како што смета градоначалникот Петре Шилегов, каде фрекфенцијата од сообраќај, поточно паркирани возила треба да се намали. Тоа би се постигнало со воведувањето на посочената локација со зона А0.

Ако се земе во предвид дека за рекреација на Водно во просек се поминуваат по 4 до 5 часа, тоа значи дека граѓаните ќе треба да одвојот по 250 до 300 денари за паркинг.