Среде септември топлотен бран - доаѓа температурен шок

Во Европа летото не заврши. 

Прогнозата на Severe Weather Europe, покажува дека следната недела Европа ќе биде погодена од нов топлотен удар со температури за 8-10 степени над просечните за овој период од годината.

 Како што пишува веб-страницата, средномерните модели предвидуваат нови топлотни удари што наредната недела ќе зафатат голем дел од Европа.

Во Германија и земјите на Бенелукс температурата ќе се искачи и до 30 степени. Над 30 степени температури ќе има и во  Италија,  Унгарија и Франција.

Но, и Хрватска и Србија ќе се соочат со температури над 30 Целзиусови степени. Ќе биде топло и во Македонија.

Ова лето имаше навистина високи температури дури и во Скандинавија.