Вчера во 16.20 часот кај место викано „Долно Шилево”, 40-годишниот С.Џ од Прилеп бил фатен при извршување на кражба во викендица во сопственост на В.С. од Прилеп. Тој притоа одзел повеќе предмети кои полицијата ги пронашла и му ги вратила на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.