Средба на стопанствениците во Општина Кисела Вода

Планирање на буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година, решавање на потребите  и проблемите во локалната самоуправа преку можности за соработка помеѓу Општината и бизнис заедницата, беа тема на денешната трета седица на Советот на стопанственици на Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Филип Темелковски,соопшти Општинта, пред присутните претстави дел од идните планови на Општината, а воедно, ги слушна предлозите, проблемите и потребите на бизнис заедницата.

Се дискутираше за гасификацијата што според планираното во градот Скопје ќе треба да започне во 2019 година од Кисела Вода, како и за придобивките од истата.

Градоначалникот и претставниците на правните субјекти за изнаоѓање на решение на одредени проблеми разговараа и со претставници од ЈП „Водовод и канализација".

cheap nike free run 5.0