Средба на Спасовски со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оствари средба со ново именуваниот амбасадор на Обединетото кралство во Република Северна Македонија Н.Е. Метју Лосон, придружуван од заменик амбасадорката Џулија Смит.

Работната средба се реализираше во просториите на МВР.

На  средбата од страна на министерот Спасовски уште еднаш беше изразена благодарност до амбасадорот Лосон за  досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја дава на Република Северна Македонија во сите сфери на општествениот живот, а беше искажана и  подготвеност за натамошно интензивирање  на одличната соработка во областа на теми од областа на безбедноста.  

Амбасадорот Лосон се заблагодари на министерот Спасовски за одличната соработка меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија во зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупцијата. Обединетото Кралство ќе продолжи да ги поддржува реформите за зајакнување на безбедноста на земјата.