Средба на министерот Спасовски со рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше средба со Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздникин со придружна делегација.

Ккао што соопштија од МВР, на средбата се разговарало за унапредувањето на меѓусебната билатерална соработка, при што од руската страна се заблагодарија за пружената поддршка при организацијата на изборите и пружањето на можноста руските државјани во нашата земја да го остварат своето право на глас.

– Амбасадорот посочи дека персоналот на Амбасадата на Руската Федерација целосно се придржува до законите и прописите во нашата земја и ќе продолжи со истото и во иднина, се наведува во соопштението од МВР.