Средба на министерот Спасовски со директорот на Агенцијата за примена на јазикот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илбер Села.

На средбата, соопшти денеска МВР, се разговарало околу обврските што произлегуваат од имплементацијата на одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Министерот Спасовски и директорот Села ја потенцирале добрата соработка меѓу институциите.

Директорот Села ја презентирал подготвеноста за асистенција на Министерството, особено во однос на актите кои Агенцијата за примена на јазикот има законска должност да ги лекторира.