Средба на министерот Спасовски со британската амбасадорка Галовеј

Успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво беше во фокусот на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со бритамската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј.

На средбата, како што соопшти МВР, било истакнато дека земјава, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја. Меѓу другото, се разговарало и за важноста од забрзување на процесите за исполнување на НАТО стандардите во институциите во земјава.

Спасовски и Галовеј во текот на разговорите ги потврдија своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на сите полиња на одржување на безбедноста.