Среда вечер со вино и урнебесна комедија во Кинотека на Македонија

Про-За Балкан и Bovin Winery ве носат на дегустација на вина и проекција на најгледаната бугарска комедија „Мисија Лондон“ во македонска копродукција од сценаристот и писател Алек Попов во Кинотека во среда.

Исто така предвидено е и обраќање на Алек Попов и панел со Александар Прокопиев.