Сред бел ден со остар предмет повредил млад скопјанец на паркинг во Кисела Вода

 

Инцидент на паркинг простор во Кисела Вода. По недоразбирање, млад скопјанец завршил со повреда од остар предмет. 

- На 27.03.2026  во 16:05 часот во СВР Скопје, В.Т.(26) од село Волково, скопско, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и остар предмет и му нанело повреда, соопштија од полицијата за овој случај. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.